Во неодамнешното интервју за #365среќа, нашиот пејач Влатко Лозаноски го најави новиот видео запис за неговата песна насловена „Јако јако“. Љубителите на неговата музика отсега може да уживаат во овој летен хит.
Спотот е снимен во Кушадаси, Турција, во него се појавува моделот Мартинија Георгиевска. Музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветкоски, а за текстот е на Магдалена Цветкоска – Ена. Погледнете го најновиот летен хит и уживајте во прекрасните звуци на песната.