Категории

Понекогаш задржувајќи го нештото боли повеќе отколку да го пуштиш од себе

Немој да прифаќаш помала количина на љубов о од онаа која ја даваш. Не се задоволувај со трошки. Не чекај некој да каже да. Не ти треба милостиња.

Понекогаш, задржувајте на нештото боли повеќе отколку да го пуштиш да оди. Не теши се себеси дека некој те сака, само едноставно не е тип на човек кој ги покажува чувствата. Кога сакаш и со делата, е лесно, а уште полесно со зборовите. Чвек кога сака, срцето зборува, а тој само ги пренесува зборовите со устата. Чвек може да сокрие се, но љубовта која ја чувствува, никогаш!
Спротивностите се привлекуваат, но само оние иститие опстануваат.

Огнот и водата не одат заедно. Кога едното ќе се пали другото се изгаснува. Еден од нив двата ќе исчезне. Ако не ужива во твојата лудост, не те сака. Ако не може да те следи во чекорот со лудостите и желбите, нема да може нити низ животот. Кој не го разбира твојот поглед, не очекувај ни дека ќе ги разбере твоите зборови. Понекогаш сакаш и си сакан, но тоа не е таа љубов која ти треба, затоа што тој некој не знае како да те сака. Едноставно не вреди да останеш тука, затоа што таа љубов секогаш ќе биде нецелосна.

Оној кој те сака секогаш мисли на тебе, а никогаш само на себе. Тој кој те сака нема да те запоставува, нема да те остави и да те повреди. Нема да замине и да те остави во прашања. Луѓето не одмараат од оној кој ги прави среќни, кој ги сака. Него не мораш да го молиш, нити да те моли. Кој те сака едвај чека да започне живот со тебе. Небитно каде, макар и под ведро небо, под ѕвездите.

На крајот на краиштата и самотијата не е така лоша. Среќата е скапа. Кошта многу. Плаќаш со изгубено време и грешки. Болка и разочарување. Поради среќата мораш да се откажеш од се, но никогаш од себе, од она што си. Биди свој, затоа што само така можеш да бидеш нечиј и да го дадеш најдоброто од себе. Зарем не сфаќаш? Мораш да пронајдеш некој кој е ист како и ти. Не сличејн, туку ист во се и по се. Барај, најди, живеј ја својата бајка во светот кој мисли дека бајките не постојат.

Прегледи:
529
Објавено на:
06.01.2020