Категории

Посреќен си отколку што мислиш!

Сите располагаме со истите алати, сите имаме исто време, само не го користиме на ист начин. Застани барем ти. Согледај ја убавината на секој миг во еден ден. Сфати колку си среќен. Сфати колку си успеал веќе.

Биди успешен. Биди ценет, признат, чувствувај се како да си ја исполнил целта во животот. Добивај погледи кои потврдуваат дека си вреден за живеењето и животот. Импресивна банкарска сметка како потпис на твојот успех. Величенствена куќа како храм на твојот успех. Деца во приватни училишта. Фотографии од егзотични патувања. Брендирана гардероба, мебел, чевли.. Се брендирано на тебе се додека не му покажеш на светот како си успеал. Да ти завидуваат, да те почитуваат, да те сакаат.. Фантазираш за тоа затоа што мислиш дека тогаш ќе бидеш среќен. Дека твоето срце ќе експлодира од таа количина енергија која само среќата ја пружи.

„А тогаш во еден миг го погледнуваш своето дете, веселите очи кои го запознаваат светот околу себе, малите раце кои за прв пат се валкаат со чоколадо, малите нозе кое постојано се обидуваат да дофатат ритам со музиката, и душата ти се топи, добиваш наплив на среќа и милост, забораваш на своите цели и амбиции, уживаш во мигот и едноставно си среќен.“

Гледаш телевизиска емисија во која жената во 21 век треперејќи ја пушта славината со вода во својата кујна. И довеле вода во домот. Таа плаче од среќа. Му се заблагодарува на Бог што го доживеала тоа. Понесен од нејзината среќа, ја пушташ славината во својата кујна и сфаќаш дека си среќен.

Му даваш на некој сиромашен човек неколку банкноти, ја гледаш неговата среќа на лицето, како тоа е да е најсреќното лице што некогаш си го видел на светот. Имаш желба да дадеш уште повеќе, но не му треба, среќен е што наишол на разбирање, среќен е што те сретнал баш тебе, и благодарен ти е бескрајно.

„Додека си со своите деца во паркот, забележуваш стар дедо како едвај се движи и фрла нешто во тревата. Одеднаш настанува магија. Јато гулаби слетуваат врз неговите нозе. Полека клукаат и гугуткаат. Се заблагодаруваат што нити денес не ги заборавиш. Старото збрчкано лице на дедото го красат очи кои се смеат, создаваат нешто толку скапоцено. Среќен е. Среќен е што неговото малку за нив е многу.“

На свадба или некоја друга свеченост весело ја посматраш своето пошироко и потесно семејство. Ги препознаваш своите гени во секој од нив. Уживаш затоа што припаѓаш. Уживаш затоа што си дел од нешто големо. Уживаш затоа што некој гордо те нарекува свој и те сака најмногу на светот. Среќен си што си дел од тоа семејство и ги поседуваш нивните гени, сите имате некоја сличност во изгледот.. Среќни сте затоа што се собирате на вакви свечености, се потсетувате дека сте тука еден за друг. Колку се сакате и покрај тоа што секојдневието ве раздвојува.

После долго време среќаваш стар пријател. Не сте се виделе долго. Се прегрнувате толку силно за да го надохнадите пропуштеното време. Среќни сте што се гледате повторно. Магичен миг. Сфаќате дека ако не била оддалеченоста, емоцијата ќе исчезнеше со времето. И секој пат кога ќе се сретнете се радувате повторно и повторно.

Завршуваш во болница. Се бориш за да земеш здив. Не можеш. Сфаќаш колку било прекрасно додека си дишел без проблем.
Кога ништо не те болело. Кога си можел мирно да спиеш без да бараш положба која нема да ти е тешка. Оздравуваш. Вдишувањето и издишувањето е најубавиот поклон кој животот ти го пружил. Среќен си што дишеш.

Чувствуваш, размислуваш, сочувствуваш, помагаш, воспитуваш, слушаш, прегрнуваш, љубиш.

Сите располагаме со истите алати, сите имаме исто време, само не го користиме на ист начин. Застани барем ти. Согледај ја убавината на секој миг во еден ден. Сфати колку си среќен. Сфати колку си успеал веќе.

Прегледи:
703
Објавено на:
10.06.2020