Категории

Постојат жени…

Постојат жени кои никогаш не ја кријат својата слабост, не се плашат да бидат несовршени. Затоа што знаат дека нивните слабости и несовршености ги прават единствени. 

Постојат жени кои не паѓаат на комплименти, кои не веруваат во зборови кои ласкаат.
Постојат жени кои не гледаат интерес. Постојат жени кои веруваат во факти. жени кои живеат на работ на животот со светлина во срцето. Жени кои кога ќе се појават осветлуваат се околу себе. Жени кои сакаат од вас само силна прегратка и цврст стисок на дланката.

Жени на чии усни секогаш има насмевка и вибрира во сите нивни сетила. Жени кои ве сакаат само вас, како ваши кралици. Постојат жени кои веруваат дека ако имаме исти соништа, сите врати се отворени за нас. Постојат жени кои биле повредени многу пати но и понатаму имаат моќ да изберат. Жени кои веруваат во вредности. Вредности кои не смеат никогаш да бидат изгубени а тоа е и достоинство. Постојат жени кои имаат само еден страв. Страв да бидат како многумина.

Постојат жени кои веруваат дека сите жени можат да остварат. Постојат жени кои имаат надеж, презир спрема реалноста и храброст да ја променат. Жени кои веруваат дека животот е направен за да сонуваме, дека е направен за љубов. Жени кои веруваат дека и кога животот е суров спрема нас, ние треба да му се насмевнуваме нему. Жени кои знаат дека некои приказни кои живеат во нас, ќе ја носат болката засекогаш но и понатаму ќе продолжат да живеат со нас.

Постојат жени кои живеат лесно и слободно со тешкиот терет на животот. Жени кои кога е сив и тмурен ден ги покажуваат сите бои кои ги имаат во себе.
Жени кои кога се околу нас е несигурно и полно со сомнеж, донесуват сигурност. Жени кои им се насмевнуваат на луѓето и секогаш се она што се. Никогаш не ја кријат својата слабост, не се прикажуваат пред другите поинаку од она што навистина се, не се плашат да бидат несовршени.
Затоа што знаат дека нивните слабости и несовршености ги прават единствени.

Жени кои знаат дека совршенството не постои. Жени кои знаат дека само лицето кое се смее е совршено!