Категории

Поучна приказна: Вистинската љубов никогаш не умира

Длабока приказна за љубовта со мудра и силна порака

На крајот на едно поле застанале Љубовта и Самотијата и посматрале млад заљубен пар. Самотијата и рекла на Љубовта:
-Се кладам дека ќе ги разделам.
Љубовта возвратила:
-Почекај само малку, дај ми шанса да проверам само едно нешто кај нив, а после можеш да одиш кај нив колку пати што сакаш.
Самотијата се согласила со тоа. Љубовта се приближила до заљубените, ги допрела, ги погледнала во очи и го заприметила сјајот во нив.
Врати се назад и рекла Самотијата:
-Ајде, сега е твојот ред!
-Не! – одговорила Самотијата. – Сега не можам ништо да направам, сега нивните срца се исполнети со Љубов. Ќе дојдам малку подоцна.

Поминало некое време и Самотијата навратила покрај куќата на заљубениот пар и забележала млад татко и млада мајка и нивното новородено бебе. Самотијата се надевала, дека до тогаш Љубовта ќе ги напушти и нестрпливо ќе излезе преку нивниот праг. Но погледнувајќи ги во очи, таа видела само Благодарност.
Се завртела назад и рекла:
-Ќе дојдам малку подоцна..
Поминало доста време и Самотијата повторно се појавила на нивната врата и слушната како децата врискаат. Таткото се вратил од работа уморен, а мајката ги успивала децата. Самотијата повторно се понадевала, дека овој пат ќе може да ги раздели, затоа што како што рекла: „Помина толку време и досега Љубовта и Благодарноста веќе треба да ги напуштат нивните срца.“ Но погледнувајќи ги во очите, таа сега во нив забележала Почит и Разбирање.
-Ќе дојдам малку подоцна. – рекла овој пат, се завртела и си заминала.

Поминало повторно многу време. И Самотијата како по обичај, уште еднаш се појавила пред домот на заљубените. Забележала дека децата веќе пораснале. Таткото седнат нешто им објаснувал на синовите, а мајката подготвувала вечера во кујната. Им се загледала во очи, и Самотијата уште еднаш се разочарала забележувајќи овој пат Доверба.
Поминало долго време од тогаш. И Самотијата пак дошла во истиот дом. Забележала дека внуците заминуваат од домот, а крај каминот стои растажена и изнемоштена старица. Самотијата ја погледнала и задоволно извикала: – Конечно, дојде и мојот миг!
Тогаш кога таа сакала да и погледне во очите, старицата излегла од домот а Самотијата тргнала по неа. Наскоро, некогаш младата девојка а сега стара жена, стигнала до гробот и застанала покрај него. Тоа бил гробот на нејзиниот сопруг.
-Изгледа повторно задоцнив – рече Самотијата.
-Времето ја доврши мојата задача.
Дури сега Самотијата ги здогледала расплаканите очи на старицата, а во нив сега видела Спомен.
Спомен на Љубов, Благодарност, Почит, Разбирање и Доверба.

Прегледи:
583
Објавено на:
23.11.2019