Категории

Прегратка: Помоќна од насмевката, посилна од зборовите, поинтимна од бакнежот

Можете да ја дадете секогаш и секому, за возврат не бара ништо, а прави толку многу. Таа е мелем за сите болни места. Таа склопува пријателства, ги зајакнува, буди љубов, ја чува и одржува.

Можете да ја дадете секогаш и секому, за возврат не бара ништо, а прави толку многу. Таа е мелем за сите болни места.
Таа склопува пријателства, ги зајакнува, буди љубов, ја чува и одржува.
Шведските истражувачи објаснуваат дека дури и утешната рака на рамото во миговите на криза е многу делотворна, затоа што кога некој благо не допира, прегрнува и гали ги поттикнува влакната на нервите на нашата кожа кои му испраќаат на мозокот сигнали дека сме среќни.

Со активирање на таканаречените Ц влакна се запираат сите останати пораки за болка, па останува само чувството на чисто задоволство.

Ако набљудувате некој кој нежно милува или прегрнува друга личност или мајка која прегрнува дете, имајте на ум дека тие покрети се резултат на активирање на „Ц влакната“ а тие се основа на доброто воспитување – вели професорот Франсис МекГлони кој ги откри.
Едно истражување покажало дека пациентите подобро поднесуваат вести, ако докторот во прилика на соопштувањето ги допре.

Во текот на разменувањето на прегратка, мускулите се опуштаат и така се ослободува сета насобрана тензија во телото, а нервниот систем се враќа во природниот баланс. Ова поттикнува подобра циркулација, што ја ублажува болката.

Прегратката значи: „Ти не ме загрозуваш, не се плашам да бидам во твоја близина, можам да се опуштам и да се чувствувам како дома, заштитен сум и некој ме разбира.“ Традицијата вели дека секој пат кога некој искрено ќе го прегрнеме, добиваме уште еден ден живот.
Ова се зборови на Пауло Коелјо, кои се само засновани на научно докажаните теории за големината и значењето на прегратката.

Прегледи:
1644
Објавено на:
16.01.2020