Категории

Прегрнете го непознатото – Не дозволувајте стравот да го задуши вашиот пламен

Престанете да чекате да видите што следува. Поминувајте помалку време во размислување и планирање, а повеќе време во создавање и чувствување. Престанете да се сомневате во себе. Престанете со нагодување. Само делувајте. Не размислувајте за сè. Ризикувајте.

Не се споредувајте се со другите. Нивниот живот не е ваш живот, и не посакувајте да биде. Бидете верни на себеси и на сопственото искуство. Бидете свесни кој и што влијае на вас. Не се прилагодувајте на идеалите што не се важни за вас. Прифатете дека не можете да направите сè. Жртвувајте го она што можете да го оставите, за да го постигнете она што навистина го сакате.
Не плашете се да промените, да започнете одново – никогаш не е доцна. Имате моќ да се ослободите од она што повеќе не ви одговара, да го срушите и повторно да го изградите. Вие ја имате целата контрола. Можете да ја промените вашата приказна во секое време, тоа е ваша приказна. Вие одлучувате. Не сакате да се разбудите кога имате осумдесет години и да се каете. Не сакате да се разбудите утре и да зажалите. Стравот е неизбежен, но надминете го. Прегрнете го непознатото – не дозволувајте стравот да го задуши вашиот пламен.

Повеќето луѓе не знаат што прават, и тоа е во ред. Само не престанувај да растиш. Нека вистинскиот, неуредениот, возбудливиот, непријатен, внатрешен и надворешен дел од вас, се шири како пожар. Не дозвлувајте ништо да ви застане на патот пред да го искусите животот што го заслужувате. Осигурајте се дека оние што ги сакате многу, знаат колку ви значат. Бидете љубезен. Дајте каде и кога можете. Насмевнувајте се повеќе, и запомнете дека ви е дозволено да кажувате -Не!

Не трошете време на работи што не додаваат вредност на вашиот живот. Вие не сте просечни, затоа не живејте туку така. Одвојте време да играте и да се забавувате. Бидете благодарни. Слушајте го вашиот внатрешен глас и немојте да се сомневате во неговите избори, следете го кога ве води!

Прегледи:
445
Објавено на:
23.02.2021