Категории

Престанете да велите „немам време“ – Некои нешта во животот немаат реприза

Колку тоа „немам време“ одзело можности и убави шанси, колку неизговорени зборови, непроживеани искуства и неизразени чувства..

Било тоа да си му го рекол на својот брачен партнер, член од семејството, пријател или познаник, добро размисли за таа лоша лага во која си уверен дека е вистина. За што всушност немаш време? За кого немаш време? Немаш ли време да бидеш со личноста која ти е драга и која ја сакаш, да и упатиш една насмевка, убав збор, нежна прегратка затоа што мораш да извршиш некоја работа која ќе биде заборавена уште во истиот миг откако ќе ја направиш?

Поминуваш покрај нечии гробови и се прашуваш кои се тие луѓе, каде живееле и каков бил нивниот живот. Дали и тие му рекле некогаш на некого дека „немаат време“ сметајќи дека се незаменливи на својата работа а за миг после тоа биле сменети за други. Колку тоа „немам време“ одзело можности и убави шанси, колку неизговорени зборови, непроживеани искуства и неизразени чувства.

Сето тоа е во главата. Треба еднаш да се сфати дека некои нешта немаат реприза. Треба еднаш да се почне да се изговара „имам време“ за пријателите, за љубовта, за ситниците кои го прават животот значаен и да се види низ тоа колку убавина може да произлезе од тоа во нашиот живот, како ќе почнеме да го гледаме нашиот живот на поинаков начин.

Прегледи:
614
Објавено на:
15.03.2020