Категории

Престани да молиш за внимание, почитта е онаа која е најважна!

Голема загуба во животот е да имаш соништа а постојано да ги гледаш туѓите, да се надеваш дека животот еден ден ќе стане подобар а да не го тргаш погледот од туѓиот живот..

Голема загуба во животот е да не го цениш оној кој би преминал и илјадници километри за да те прегрне, да не го цениш оној кој оставил дел од својот свет за да пронајде свое место во твојот.
Голема загуба е да бараш внимание од другите несфаќајќи дека почитта вреди многу повеќе. Да затвораш очи на непочитувањето само затоа што некоја личност ја сакаш и сакаш да бидеш во нејзина близина, а тогаш кога ќе ги отвоиш очите сфаќаш колку е скапа цената да го плаќаш сето тоа а за возврат да добиваш толку малку.

Голема загуба е да чекаш некој да ја согледа твојата вредност, да чекаш да се промени и да ти го даде она кое што го посакуваш..
Најголема загуба е да се коцкаш со своето срце, да го вложуваш онаму каде што не си сигурен дека ќе добиеш нешто за возврат, а она што ти го гарантираат е трошки од нивната скржава љубов.

Престани да ја играш бескрајната игра и да вложуваш се што имаш додека другиот се двоуми дали да даде мало парче од своето срце. Љубовта не е коцка, никогаш не била. Оној кој вистински сака никогаш нема да ги става егото и љубовта на иста вага..

Прегледи:
510
Објавено на:
14.04.2020