Причините за среќа не се далеку од вас, тие се околу вас, често пати спаковани во искрени насмевки, топли прегратки, нечие присуство, збор за Добар ден, мали гестови на внимание и нежност..
Нашите критериуми за среќа често изгледаат на начин кој не спречува да бидеме задоволни со постигнатото. Често ни го заматуваат погледот со нешто кое изгледа толку нереално и бајковите да би било вистина, додека во реалноста тие се наоѓаат многу поблиску отколку што мислиме.
Не барајте причини за среќа далеку од себе. Тие се многу поблиску до вас отколку што мислите. Прво започнете од сопствените мисли, можеби тие се главната причина која ја блокира вашата среќа. Што прво гледате кога ќе наидете на некоја потешкотија и лош миг, дали паѓате на колена и се предавате или наоѓате причина сепак да извадите нешто позитивно од тоа.
Причините за среќа не се далеку од вас, тие се околу вас, често пати спаковани во искрени насмевки, топли прегратки, нечие присуство, збор за Добар ден, мали гестови на внимание и нежност. Причините за среќа се насекаде околу вас. Во неизмерната поддршка на вашите најблиски, топлината во погледот на вашиот миленик, или радоста која ги исполнува миговите поминати читајќи ја омилената книга, или правењето на омилениот десерт.
Немате баш добри причини зошто да не се чувствувате среќни ако имате барем некои од овие нешта во вашиот живот, напротив имате многу причини да одлучите да бидете среќни уште сега!