Категории

Приказна за црвениот чадор – Колкава е всушност вербата на верниците

Земјата била сува и испукана, затоа што веќе долго време не заврнал дожд. Овенатите жолти лисја едвај се држеле на гранките. Во полињата тревата била изгорена..

Земјата била сува и испукана, затоа што веќе долго време не заврнал дожд. Овенатите жолти лисја едвај се држеле на гранките. Во полињата тревата била изгорена.

Луѓето напнато исчекувале, молејќи очајно и гледајќиво вжареното небо. Со месеци не паднала нити капка дожд, а последните денови биле неподносливо врели.
Локалниот свештеник организирал молитвен час пред црквата. Пристигнала толпа од луѓе, сите полни со вознемиреност и надеж.
Многумина имаа побожни предмети во рацете: крстови, бројаниви, молитвени книги. Но очите на свештеникот никако не се одвојувале од девојчето во првиот ред, во рацете држела црвен чадор.

Да се молиш значи да бараш дожд, да веруваш значи да понесеш чадор.

Прегледи:
671
Објавено на:
17.04.2020