Категории

Приказна за животот – кога ова ќе го сфатиш, ништо повеќе нема да биде исто

Понекогаш луѓето доаѓаат во твојот живот, чувствуваш и веднаш знаеш дека треба да бидат тука, да послужат за некоја цел, да те подучат на некоја лекција или да ти помогнат да сфатиш кој си и што сакаш да станеш.

Никогаш не знаеш кои се тие луѓе. Може да биде можеби твојот цимер, сосед, соработник, долгогодишен пријател, љубовник или некој странец, но кога ќе ги погледнете во очи, знаете дека тие длабоко ќе влијаат врз твојот живот.
И понекогаш ти се се случува нешто што на почетокот може да изгледа страшно, болно и неправендно, но во сенката на тие ситуации ќе ја откриете поентата која ќе ви помогне да ги совладате тие препреки. Затоа што да би се случиле, никогаш не би го откриле својот потенцијал, сила, волја и срце.
Сѐ се случува со причина, ништо не се случува случајно или на среќа. Болеста, љубовта, повредите, изгубените мигови, се случуваат со цел да ги тестираат границите на твојата душа. Без овие мали тестови, без обзир на тоа што се, животот би бил како поплочена, рамна улица која не води никаде. Би било сигурно и удобно, но би било досадно и бесмислено.

Ако некој те повреди, изневери или ти го скрши срцето, прости му затоа што ти помогнале да научиш за довербата и важноста кога го отвораш срцето некому. Ако некој те сака, сакај го безусловно и не само затоа што те сака тебе, туку затоа што на некој начин те подучува да сакаш и како треба да ги отвориш очите пред нештата.
Држи ја главата исправено, затоа што го имаш секое право на тоа. Кажи си на себеси колку си единствена и верувај во себе, затоа што ако не веруваш во себе тешко дека и другите ќе веруваат во тебе. Можеш да го изградиш својот живот како што посакуваш ти. Создади го сопствениот живот и живеј го во целост без жалење.