Само една краставица на ден може да ве направи поздрави и посилни..
Краставиците се зеленчук кој е широко распространет на нашето поднебје. Тие може да се најдат во секој маркет, на пазар, а и во многу домови.
Тие се дел од групата на неверојатно здрав зеленчук. Изобилуваат со витамини и минерали. Краставиците содржат дури 95% вода и го хидрираат организмот. Тие го подмладуваат целото тело. Краставиците обично се користат како додаток во салатите. Препорачливо е секој ден да се конзумира најмалку една краставица. Не е важно дали ќе биде тоа со други намирници или само краставица.
10 причини зошто краставиците треба да бидат вашиот омилен зеленчук:
- Краставиците штитат од невролошки болести.
- Тие помагаат во борбата со зголемениот број на килограми.
- Го намалуваат ризикот од појава на карцином.
- Краставиците ја подобруваат дигестијата.
- Одличен извор се за хидрација на организмот.
- Го подобруваат квалитетот на косата и го намалуваат косопадот.
- Краставиците имаат позитивни влијание врз кардиоваскуларниот систем.
- Го нормализираат нивото на шеќер во крвта.
- Делуваат како антиоксидант.
- Краставиците го подобруваат здравјето и квалитетот на забите и коските.