Еве кои се советите на познатите истражувачи
Останете активни
Немојте да ја напуштате работата – сетете се на јапонската мудрост која не дозволува во својот речник да се внесе зборот „пензија“, туку се залага за и после работниот век, секој да продолжи да го прави тоа што го сака.
Бидете смирени
Сите понекогаш ги губиме живците и трпението, и сакаме некои нешта што побрзо и поефикасно да ги завршиме. Сепак, често тоа доведува до поголема штета отколку корист, и многу пати таквиот успех не ни донесува никакво задоволство. Затоа треба секогаш да тежнееме кон сталоженост и да се сетиме на поговорката „мирна вода брег рони“.
Немојте да јадете до ситост
Една од големите мудрости на јапонските жители на Окинава, гласи: јадете до 80 посто ситост. Во животот, какои во исхраната треба да се биде умрен и само така може да се стигне далеку.
Бидете во форма за својот следен роденден
Треба постојано да си поставувате цел на себеси, а и да го дочекувате секој свој роденден во што е можно подобра форма и состојба. Секој ден е нов чекор и секоја година е ново скалило.
Смејте се
Користете ја насмевката како сретство за стекнување на нови пријатели и зачувување на старите, луѓето околу себе сакаат позитивни и насмеани лица. Смеењето е здраво, го лачи хормонот на среќа и го поттикнува расположението.
Поврзете се со природата
Редовно одете во природа, затоа што само човек кој е во константна врска со неа може да биде вистински исполнет и среќен. Таа дава мир и чувство на спокојност.