Категории

Пролетен хит број 1: Како да носите тексас од глава до пети? (ФОТО)

Тексас е материјалот кој дефинитивно никогаш нема да излезе од мода. Панталоните од тексас ги носиме цела година, а со првите зраци на пролетта ги облекуваме тексас јакните, а во текот на летото не можеме без тексас шорцеви и здоолништа.

Сепак, оваа пролет апсолутен хит е тексас од глава до пети, но за овој стајлинг не ви се потребни различни парчиња, туку само еден – тексас фармерки со трегери!

Може да ги комбинирате и со штикли и со рамни обувки, погодни и за опуштени прошетки и за излегување.

Во зависност од вашиот стил, времето надвор и моделот на трегерки, одоздола може да носите некоја кошула или маица, најдобро еднобојна.

Кога ќе настапат топлите денови, овие парчиња заменете ги со тексас фустани.

Прегледи:
738
Објавено на:
15.05.2020