Голем е ризикот да се повредите ако трчате без претходно да се загреете.
Трчањето е многу здраво за целиот организам, но може негативно да влијае на колената, зглобовите и колковите ако не сте добро загреани.
Пред да почнете да тренирате, потребно е да се размрдате и да се загреете со што би ги подготвиле вашите мускули за напорот кој следува. Ако почнете со тренинг без пред тоа да се загреете, има голема веројатност дека ќе се повредите. Исто така, вашето тело нема да биде доволно подвижно, а тоа значи дека нема да можете да го извлечете максимумот од вежбите кои ги правите.
Многумина трчањето го користат како вежба за загревање, но не разбираат дека трчањето е многу напорна вежба која влијае на телото, а посебно на зглобовите, Затоа сите фитнес експерти советуваат пред да се почне со трчање да се направат вежби за загревање.
Вежбите за истегнување се посебно добри затоа што ги опуштаат мускулите и зглобовите и овозможуваат да бидете подготвени да го издржите напорот кој го носи трчањето.
Во видеото кое следи можете да погледнете кои вежби ги предлага фитнес инструкторот и доктор, Пејџ Џонс.