Категории

Рафиниран бизнис стил на Амал Клуни: Штом се појави во овој капут таа го украде целото внимание!

Сопругата на Џорџ Клуни доминира кога е во прашање бизнис стајлингот..

Амал Клуни (41) одржала предавање на Универзитетот Колумбија, а нејзиното елегантно издание е доказ дека таа со право се смета за една од најстилизираните дами.

 

Убавата адвокатка беше облечена во темно виолетов фустан со средна должина.

Таа го надополни стајлингот со црни салонки и црна ташна, додека како моден детал носеше големи очила за сонце и мали обетки.

 

Сепак, целото внимание го привлече памучниот мантил со впечатлив дезен во жолта и беж боја од модната куќа Proenza Schouler.

Станува збор за удобен модел што ја прави секоја комбинација на облека впечатлива и различна, и лесно би ги освоил дури и „заколнатите“ обожавателки на црната боја.

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
604
Објавено на:
07.10.2019