Категории

Раскошна класика: Пенелопе Круз блесна во црн фустан во Париз

Славната глумица одбра непогрешлива стара модна класика која никако не излегува од мода, со доза на екстраваганција и раскош

Пенелопе Круз присуствуваше на гламурозниот настан Metiers d’art show на модната куќа Chanel во Париз на која беа претставени новитетите за 2020 година.
Шпанската актерка за оваа прилика избра раскошен црн фустан со волуменозен крој во црна боја. Фустанот е креација на Вирџинија Вард од колекцијата на брендот за 2020 година.

Фустанот е изработен од комбинација на свила и тул. Целокупниот стајлинг, актерката го надополни со сребрен каиш кој го истакна нејзиниот струк, високи потпетици од кадифе, црна ташна и префинет накит.