Категории

Разиграна и романтична пролет во Valentino

За Pierpaolo Piccioli дури и секојдневната кежуал облека треба да изгледа заносно. Креативниот директор на модната куќа Valentino, отстапи од актуелните спортски и street style трендови и создаде нешто сосема ново кое донесе бран свежина на париската модна недела.

Пролетната колекција резултираше со многу гламур, ведри бои, весели и разиграни кроеви, и сето тоа спакувано со многу нежност, романтичност и грациозност. На шареноликата ревија доминираа разлетани фустани од свила, со многу волумен и слоеви.

Една од малкуте колекции која беше претставена во четвртата модна престолнина која успеа да ја разведри публиката и за миг да ја понесе во светот на фантазиите.

Прегледи:
409
Објавено на:
03.10.2017