Категории

Разлики во рекламите на ИКЕА во зависност од земјата за која се наменети

Еден каталог, за една фирма, со различни фотошопирани разлики во зависност од земјата за која се наменети.

Каталогот на ИКЕА е еден од најраспространетите рекламни материјали во светот, а последното негово издание има разлики во зависност од целната група. На пример во изданието за Израел и Судиска Арабија, жени воопшто не се присутни, а разлики има и во големината и видот на просториите, согласно животниот стил на народот.

На пример во британската верзија на оваа реклама, гледаме како жена опуштено седи на софата, за разлика од верзијата за Саудиска Арабија.

Кујната во рекламата наменета за САД е голема и пространа, а тоа не е случај со кинеската верзија која е помала, како што вообичаено изгледаат кујните во Кина.

Во британската верзија на оваа фотографија може да забележиме жена во позадина, за разлика од верзијата наменета за Саудиска Арабија.

  

Разликите постојат и во спалната, па така жените комплетно се бришат од каталогот, а мажот е претставен сам во кревет.