Категории

Решението најчесто ни е пред очи, но не можеме да го видиме затоа што бараме премногу далеку

Наместо да ги броиш своите проблеми, започни да ги бараш нивните решенија. 

Престани да зборуваш за своите проблеми. Престани да се жалиш дека се е црно и нема излез од таквата ситуација. Престани да бараш сожалување од другите и да се убедуваш себеси како само твојот живот е ужасен и само тебе ти се случуваат лоши работи.
Секој на овој свет води неми битки, некој можеби доживува страдања кои се многу поголеми од твоите но ти не знаеш за тоа.

Наместо да се жалиш, почни да правиш промени кои ќе донесат нешто позитивно во моменталната ситуација. Ако само седиш и не превземаш ништо, ќе мораш да се навикнеш на тој ужасен живот кој толку го оплакуваш. Изборот е твој, се за виси од тебе, знај дека дури и тогаш кога ти се чини дека околу тебе е мрак и не постои нити еден излез, постојат и тоа повеќе отколку што си мислиш.

Наместо да ги броиш своите проблеми, започни да ги бараш нивните решенија. Почни прво од себеси, кои од тие нешта зависат само од една единствена одлука која можеш да ја направиш само ти? Колку од тие проблеми се наоѓаат само на еден чекор од нивното решение.

Погледни околу себе. Решението е секогаш многу поблиску отколку што си мислиме, и затоа некогаш е тешко да ја видиме, затоа што бараме многу далеку.

Прегледи:
449
Објавено на:
16.06.2020