Категории

Ретро модни парчиња кои оваа сезона ви се неопходни доколку сакате да бидете ‘ИН’

Ова се најпопуларните модни парчиња за оваа сезона

Опремете го вашиот плакар со овие парчиња кои ни доаѓаат од ’80-тите и ќе бидете подготвени со минимален напор да заблескате во секоја прилика.
Трендовите од оваа декада наголемо се вратија на модната сцена. Во тие години беа популарни „пуф“ ракавите, нарамениците, силните бои, впечатливите материјали – со еден збор вистинската женственост, а оваа сезона му се веселиме на нивното враќање.
Време е да фрлите поглед на тоа што е моментлно актуелно и да пронајдете парче по ваш вкус. Веруваме дека ќе се заљубите буквално во се.

Блуза со пуф ракави
Наизбежен тренд за оваа сезона, се предимензионалните ракави. Со ова парче струкот автоматски станува по тенок. Освен тоа неодоливо асоцира на лето, и нема да поминете незабележано.
Секоја дама која знае што е добар стил, ќе избере и фустан со пуф ракави. Во него фигурата изгледа совршено а е доста ефектен. Ќе оставите впечаток на стилска и смела особа.

Впечатлив накит
Идеален аксесоар кој ќе ја потполни вашата комбинација се доста впечатливи обетки. Во овој случај нека бидат алки кои совршено го опишуваат духот на ’80-тите.

Плишана ташна
Плишот е доста популарен оваа сезона, а ташната од овој материјал изгледа одлично. Ова женствено парче мора да се најде во вашиот плакар.

Рајф за коса
Овој аксесоар стана вистински хит. Не постои дама која не го обожава. Популарни се сите бои и сите материјали. Од плишани до такви украсени со бисери. Мал детал кој ќе го збогати и надополни секој стајлинг.

Предимензионирани одела
Сакоата и оделата оваа зима се тренд број еден. За дневни варијанти искомбинирајте сако и фармерки, а за вечерни прилики носете го наместо фустан. Морате да признаете дека овој стајлинг изгледа неверојатно моќно.

Прегледи:
484
Објавено на:
24.12.2019