Категории

Рецепт за домашен леден чај од праска!

Ледениот чај е одлично освежување во текот на летните денови, а од него можете да имате и поголеми предности доколку го направите сами од сезонско овошје.

Ледениот чај е еден од најомилените напитоци во лето. На пазарот постојат многу видови на ледени чаеви, меѓутоа голем број од нив содржат вештачки бои, засилувачи на вкусови или пак рафинирани шеќери. Најпопуларен е ледениот чај од праска. Меѓутоа тој ист чај можете да го направите сами. Освен што нема да има адитиви, можете да го засладите по своја желба. Кога ќе засладувате можете да пробате со мед наместо шеќер.

Начин на подготовка:

  • Сварете вода, направете чај, оставете малку да се олади
  • Кога ќе се олади чајот, во бокал ставете праски исецкани на парчиња, па прелијте ги со чајот
  • Додадете мед по желба и промешајте убаво да се растопи медот и да се распореди низ напитокот
  • Бокалот поклопете го во фрижидер неколку часа
  • Чајот можете да го послужите со праските, но и без нив.

Прегледи:
904
Објавено на:
07.07.2019