Категории

Само Моника Белучи може да изгледа заносно во ваков стајлинг во петтата деценија од својот живот

Италијанската убавица ги остави сите без зборови 

Моника Белучи е без сомнение една од најгламурозните и најсензуални жени во светот. На свои 55 години ретко кој може да изгледа толку добро облечен во црн чипкан корсет со длабоко деколте ако не таа.
На едно културно случување во Италија таа се појави во извонредно женствено издание.
На целокупниот изглед таа му додаде нота на елеганција со црн минимален блејзер во комбинација со црни панталони кои ја истакнаа нејзината витка линија.
А она што остави уште поголем впечаток беше нејзината модерна и супер шик фризура.
Многу дами би можеле да учат од неа!

Прегледи:
384
Објавено на:
15.10.2019