Тие никогаш нема да застанат кога ќе почувствуваат дека немаат повеќе сила, тие ќе застанат тогаш кога знаат дека е крај.
Тие знаат дека не мора се да се има веднаш и знаат дека времето е она кое одредува многу нешта во животот. Тоа се луѓе кои не се плашат да бидат сами и баш во таквите мигови учат како да растат. Тие знаат дека најдобра верзија на себеси не се станува преку ноќ и за тоа се потребни многу фази, подеми и падови и труд вложен во себеси.
Трпеливите луѓе најдобро го разбираат животот, тие не се трудат да стигнат до целта преку полесниот пат, затоа што знаат дека тој пат не е оној вистинскиот.
Тие никогаш нема да застанат кога ќе почувствуваат дека немаат повеќе сила, тие ќе застанат тогаш кога знаат дека е крај.
Трпеливите луѓе секогаш успеваат во животот затоа што знаат дека животот не е трка за тоа кој ќе стигне прв, туку за се постои вистинско време. Тие не дозволуваат бесот да ги води, затоа што знаат дека тоа е само пат до пропаста. Тие знаат дека за остварувањето на големите соништа треба многу време, и не се плашат да задоцнат.
Тие не се плашат од времето, и токму затоа се среќни и успешни!