Не морате никому да му се правдате зошто сакате да поминувате време сами
Не морате никому да му објаснувате зошто сакате самотија и тоа што уживате во друштвото со себеси, зошто би се правдале некому зошто сакате да го дишете воздухот. Самотијата е воздух за нашата душа, поврзување со сопствените мисли и начин повторно да собереме сила за да продолжиме понатаму.
Секој човек е создаден како едно битие, целиот свој живот го поминува со себеси, сам ги води своите внатрешни битки а за да излезе како победник од секоја од нив мора прво да биде во мир со себеси пред да се соочи со непријателите.
Самотијата е единственото место во кое човек може да ги спознае своите желби и соништа и да го пронајде вистинскиот пат до нивното остварување. Самотијата не е знак дека личноста не сака луѓе или дека е осамена и тажна. Таа е здрав начин на справување со секојдневните предизвици.
Човек кој бега од себеси никогаш нема да достигне високи цели и да напредува. Затоа што човек кој се плаши дури и од самиот себеси, никогаш не може да биде водич на другите.