Категории

Секое лошо е за добро – Неволјите не учат повеќе да го цениме животот

Секоја тешка ситуација не учи повеќе да го цениме животот и да ги отвориме очите за да сфатиме дека Бог е секогаш со нас.

Не учи дека не е важна онаа поддршка која луѓето ни ја даваат кога се е добро туку онаа кога сме на дното и кога гледаме каде исчезнале сите околу нас. Секоја тешка ситуација не насочува да погледнеме кон луѓето околу нас, колку ним им значи нашата емоционална слабост, дали ги забавува и весели или сочувствуваат со нас и бараат начин како да ни го олеснат животот.

Секоја тешка ситуација не учи дека ништо на светот не се случува без причина, и дека е потребно време да го разбереме некој процес. Како се соочуваме со загубата е всушност отскочна даска за нашето растење. Секоја тешка ситуација ни дозволува да ги преиспитаме нашите вредности, дали ќе издржиме и ќе се исправиле или ќе се предадеме.

Тие тешки ситуации не ни доаѓаат со цел да ни ја одземат надежта, туку да не зацврстат уште повеќе, да ни покажат колкави борци сме. Во секоја тешкотија постои скриена сила која ни ја отвора вратата во новиот свет, ни покажува колку сме мислеле дека се познаваме себеси и оние околу нас а колку всушност сме се лажеле.

Тешките ситуации доаѓаат за да научиме да душиме со полни гради, да не го гледаме животот само низ призмата на она што е некој должен да го направи за нас, туку и преку призмата на тоа што ние како луѓе треба да направиме во овој свет околу нас. Тешките ситуации се тука за да ги доведат нештата на свое место и конечно да откриеме некои нови нешта.
Кога коцките ќе се наредат ќе разбереме дека всушност минатото било она кое било погрешно, а сега се дошоло на своето вистинско место.

Прегледи:
1325
Објавено на:
06.03.2020