Со секој нов ден добиваш само еден избор – со каква мисла ќе го започнеш утрото, од неа зависи како ќе живееш тој ден..
Секое утро буди се со помислата дека животот е вреден за живеење и не треба да се откажеш пред да ги исцрпиш сите негови можности.
Само погледни во светот околу тебе и ќе забележиш безброј шанси кои те чекаат денес. Мали, големи, тивки и нечујни шанси кои можат да направат значителна промена во твојот живот. Предизвици кои денес се тука за да ти покажат колку всушност си силен а не си бил свесен за тоа.
Секое утро одлучувај да делуваш со љубов спрема другите. Направи нешто кое ќе го разубави нечиј ден и живот. Нешто кое не може да се купи со пари. На тој начин и ти ќе бидеш посреќен и порадосен, со тоа што некому си му дал мигови за паметење.
Секое утро дај си време на себеси за да оствариш се што посакуваш. Давај се од себе и вложувај го сиот свој потенцијал се додека не ги видиш посакуваните резултати. Кога мислиш дека треба да направиш пауза, стори го тоа, само не застанувај.
Секое утро одлучувај дека ќе бидеш среќен и покрај проблемите и маките кои ги задава животот. Секое утро повторно и повторно избирај сонце и среќа, нека тоа биде твоето секојдневие во кое со радост ќе се будиш.