Категории

Секое утро се будам и си велам: Имам два избори – добро или лошо расположение!

Поучна приказна со силна порака

Џери е менаџер на ресторан. Секогаш е добро расположен. Кога и да го праша некој како е, неговиот одговор би бил: „Да сум подобро, не би било добро.“

Многу келнери во неговиот ресторан дале отказ кога тој ја променил работата за да го следат од ресторан во ресторан. Зошто? Џери умеел да ги мотивира луѓето. Ако некој од колегите имал лош ден, Џери секогаш бил тука да го охрабри и да му укаже на позитивната страна на секоја ситуација. Воочувајќи го тоа, станав љубопитен. Еден ден, отидов кај Џери и го прашав:

„Не сфаќам! Никој не може да биде позитивен секој ден. Како ти успева тоа?“

Џери ми одговори: „Секој ден се будат и си ви велам на себеси, денес имам два избори: Лошо или добро расположение. Секогаш го избирам доброто расположение. Секој пат кога ќе се случи нешто лошо можам да изберам да бидам жртва или да научам нешто од тоа.Секогаш го избирам учењето. Кога некој ќе дојде и ќе почне да ми се жали, можам да ја прифатам неговата жалба или можам да ја истакнам позитивната страна на животот. Секогаш ја избирам позитивната страна на животот.“

„Но тоа не е секогаш лесно“, му реков.

„Да, лесно е.“ рече Џери „Се во животот се врти околу изборот. Кога решаваш разноразни глупости се е тоа прашање на избор. Ти бираш како ќе реагираш на ситуациите. Бираш како другите ќе влијаат на твоето расположение. Бираш добро или лошо расположение. Твој избор е како ќе го проживееш својот живот.“

После неколку години, слушнав дека Џери направил нешто на своето работно место кое никако не било дозволено да се направи.
Ја оставил задната врата од ресторанот отворена. Во ресторанот упаднале тројца вооружени мажи. Додека се обидувал да го отвори сефот, тресејќи се од страв, никако не успеал да ја погоди вистинската комбинација. Еден од ограбувачите пукал во Џери. За среќа, Џери го пронашле брзо и веднаш го одвеле во болница. После тешката операција и интензивната нега, Џери се опорави. Го видов шест месеци после ранувањето. Кога го прашав како е, одговори:

„Да бев подобро, не би било добро. Сакаш ли да ги видиш лузните?“

Одбив, но го прашав што размислувал за време на грабежот.

„Првото нешто кое ми прелета низ глава беше дека требаше да ја заклучам вратата. Кога ме погодија, додека лежев на подот, се сетив дека имам два избори: Да живеам или да умрам. Одлучив да живеам.“

„Зарем не ти беше страв?“ , го прашав.

Продолжи: „Болничарите беа одлични. Постојано ми зборуваа дека се ќе биде во ред. Но кога ме внесоа во колата и им ги видов изразите на лицата, се исплашив. Им читав од очите: „Тој е мртов“, Знаев дека е време за акција.“

„Што направија тие?“, го прашав.

„Гледаш, таму имаше една крупна медицинска сестра која постојано ме прашуваше нешто за да останам при свест. Ме прашуваше дали сум алергичен на нешто. Да, на куршуми, беше мојот одговор. Додека се смееа им реков: Бирам живот. Ве молам третирајте ме како да сум жив – а не мртов.“

Џери преживеа благодарение на одличните доктори, но и поради својот воодушевувачки став. Од него научив дека секој ден имаш избор: Да уживаш во животот или да го мразиш. Единствено нешто кое никој не може да го контролира и зависи само од тебе – е твојот став.

Прегледи:
621
Објавено на:
02.03.2020