Категории

Секогаш памети колку пати си станал и си ја истресил прашината од себе и си продолжил понатаму

Колку пати претходно твојот свет се срушил, и колку пати повторно и повторно се продолжило со својот тек и покрај фактот дека ти си бил скршен. 

Секогаш памети колку нешта имаш преживеано.
Колку пати претходно твојот свет се срушил, и колку пати повторно и повторно се продолжило со својот тек и покрај фактот дека ти си бил скршен.

И секогаш кога си мислел дека не можеш понатаму, дека нема да зацелиш и нема никогаш да станеш и да се исправиш, сепак си станал и си ја истресил прашината од себе и си продолжил понатаму.
Ако си го преживал својот свет искршен на парчиња, повторно и повторно, и сепак си сеуште тука, со рани и лузни на себе но сеуште си тука – треба да бидеш горд на себеси.

Тоа не е нешто кое треба да се занемари, нити нешто кое е мало и безначајно.
Нека тоа ти биде знак дека всушност си се потценил себеси. Ти си всушност многу посилен од тоа што си бил свесен, и нека тоа те води напред секој ден.

Прегледи:
501
Објавено на:
21.07.2020