Категории

Секоја дама после 45-тата која се грижи за себеси мора да си ги дозволи овие нешта

Немојте да мислите дека кога ќе ги преминете четириесеттите, морате да престанете да правите одредени нешта.

Жените секојдневно се соочуваат со многу предрасуди. А откако ќе достигнат одредена возраст, тие предрасуди почнуваат дратстично да влијаат врз квалитетот на животот. Од сите страни се слуша: не можеш, не смееш, не е примерно..

Немојте да дозволувате самите на себе да си поставувате рестрикции. Немојте да си ги скратувате крилјата. Факто е дека откако ќе ги преминете 40-тите не значи дека вашиот живот завршил, и тоа морате да го имате на ум постојано.
Еве кои нешта треба да си ги дозволите на себеси после 45-тата:

Грижа за себе
После четириесеттите, жените се помалку трошат пари на себеси а повеќе на децата, мажот, домот. Немојте да дозволите да станете таква. АКо не се цените себеси нема да ве ценат ни другите.

Идеална фризура
Кој би рекол дека жената во четириесеттите мора да носи кратка фризура? Погледнете ја само Деми Мур, Викторија Бекам. Долгата и негувата коса е гордост на секоја жена без оглед на тоа дали таа е млада или стара.

Облека која ви се допаѓа
Сосема е во ред да носите фармерки и маица. Не е задолжително постојано да носите одело или широка „бабинска“ облека и со тоа да изгледате уште постаро отколку што сте. Носете го она кое ви се допаѓа и се чувствувате убаво.

Чевлите се најважни
Секоја жена во својот плакар треба да поседува барем неколку пара високи потпетици. Не значи дека мора да носите рамни чевли. Потпетиците ја подигнуваат самодовербата.

Шминка
Шминката не е наменета само за младите, напротив, шминката е за жените кои ја преминале триесеттата.

Спортување
Жените мораат да се занимаваат со спорт. Тоа е важно колку за изгледот толку и за здравјето. Пронајдете некој спорт кој ви се допаѓа и само напред.

Прегледи:
538
Објавено на:
30.04.2020