Категории

Секоја вечер пред спиење земете чаша во раката

Кратка приказна која ќе стане ваш најдобар рецепт за совладување на стресот и грижите

Стресот, грижите, нервозата – се се собира секојдневно и влијае врз нашето нормално функционирање, здравје и расположение. Не е лесно да се избориме со нив во денешно време, но постојат механизми и совети кои можат да ни помогнат да ги совладаме.
Оваа приказна е најкраткиот можен рецепт за совладување на напнатоста. Добро запамтете ги овие зборови, затоа што кога ќе ги осветите во вашата глава повеќе пати ќе разберете зошто тие грижи и нервози ви одмагаат во животот.

Еден психолог им одржал предавање на своите суденти:

„Секој ден се соочуваме со предизвици и препреки, кои ни помагаат да растеме и кои не дефинираат. Но, кога стресот ќе се провлече, тој може да ги направи нештата речиси невозможни. Може дури да не парализира да направиме нешта кои мораат да се завршат.“

Тогаш истурил вода од бокал во чаша и ги прашал своите студенти: „Колку е тешка оваа чаша со вода?“

Студентите му дале различни одговори:

„Два децилитири“, одговорила една студентка, а потоа се нижеле одговори „Три децилитри, пет децилитри“.

Професорот на тоа им одговорил:

„Апсолутната тежина на оваа чаша не е битна. Таа зависи од тоа колку долго ја држам. Ако ја држам една минута, нема да се случи ништо. Ако ја држам еден час, ќе почне да ме боли раката. Ако ја држам цел ден, мојата рака ќе почне да се вкочанува и ќе бидам парализиран. Значи, тежината на чашата не се променила, но што подолго ја држам, таа станува се потешка.

Стресовите и грижите во животот се како оваа чаша вода. АКо мислите за нив некое време, тогаш не е проблем. Но ако мислите за тоа малку подолго, тогаш почнува да боли. Ако мислите за нив цел ден, ќе бидете парализирани и неспособни да работите било што друго.
Запоменте: Спуштете ја чашата!“

Прегледи:
533
Објавено на:
07.12.2019