Категории

СИЛНИТЕ жени избираат да бидат сами отколку да го поминат животот со никаквец

Самостојноста на жената без оглед дали е во врска или сама, мора да биде ѕвезда водилка за секоја женска особина.

Жените не смеат да се изгубат себеси во меѓучовечките односи, а особено не во љубовната врска. Силната, независна и горда жена е онаа која плени,и во чие друштво секој посакува да биде.

„Верувам дека со проблемите ќе се носи како жена, нема да изигрува жртва, нема да бара сожалување, нема да се понижува. Ќе стои исправено и ќе се бори. Ќе се соочи со светот со подигната глава и ќе го носи универзумот во своето срце“ – C.JoyBell C.

Биди храбра и бори се
Силните жени се независни и среќни и кога се сами, нив не им треба маж за да им пружи стабилност и мир во животот. Овие жени не сметаат дека врската со маж е клучна за да се чувствуваат исполнето а времето кое не го поминуваат со маж станува уште подрагоцено и смислено.
Сепак, да се биде храбра жена е многу потешко отколку што повеќето мислат, тие мораат да се носат со сите предизвици во животот сами и зависат само од себеси – пишува магазинот Cosmopolitan.

Моќта на позитивното размислување вели:
„Силните жени знаат дека, повеќе од било што друго, мораат да се грижат за себеси и не мораат да бараат од никого да дојде и да ги спаси. Тие поминале низ многу битки и научиле што значи независноста“

„Тие не бараат партнер за до добијат било што од него: тие бараат некој кој би додал само дополнтелна вредност во нивниот живот. Тие сакаат некој кој ќе ги инспирира, а не да ги влечи надолу. На истиот начин, тие сакаат некој кој ќе внесе смисла во нечиј живот и ќе искуси важност на взаемно вложување во односот. Силната жена никогаш не би била со некого кој не е способен да вложува во врската и ги следи само личните интереси“.

„Силните жени ги привлекуваат само позитивни и инспиративни личности кои секогаш ќе бидат покрај нив да ги решаваат проблемите, ќе им бидат поддршка на нивниот пат кон успехот.
Силните жени нема да бидат со некој кој не ја цени нивната вредност, кој постојано им претставува пречка на патот кон она што ги исполнува и ги прави да се чувствуваат исполнето и задоволно.“

Прегледи:
372
Објавено на:
22.10.2019