Сѐ се случува со причина. И секогаш постои излез и решение.
Сите ние сме родени слободни, да ги почитуваме сите облици на живот.
Затоа, не дозволувајте да ве допира кој ќе посака, особено не со својата злоба. Не дозволувајте никој да ве понижува, и запомнете дека човекот кој ве сака нема да се труди да ве повреди туку да ве усреќи, да ви стави насмевка на лицето.
Сите ние сме различни, во тоа е убавината и рамнотежата на овој свет. Хармонија мора да постои, но ние луѓето понекогаш уништуваме се. Хармонијата мора да постои во нас, и околу нас, и покрај сите таги, и покрај се.
Зборовите и делата се одраз на она што човек го носи внатре. Што и да носиме во срцето, било добро или лошо, ќе излезе надвор и не е тешко да се почувствува. Само она што човек го носи во себе може да излезе надвор од него.
Многумина не се вредни за нашите солзи нити нашето време, а сепак им ги даваме. Им се даваме себеси, им даваме нови шанси. Веруваме дека добрите нешта не се добиваат ако не се бориме. Веруваме..
Но веруваме најчесто на погрешни луѓе. Луѓе кои лутаат изгубени без смисла и цел, не сфаќајки што е смислата на животот. Бараат нешто а сето тоа е во нив и околу нив. Сиромашни луѓе. Сиромашни луѓе во духот, сиромашни и празни. Затоа што никогаш не разбрале, луѓе кои живеат за темната страна на животот. Тоа е погрешно.
Многу луѓе се гласни, ветуваат планини и долини, креваат врева и тогаш само исчезнуваат а зад нив останува само трага од прав. Не задржувајте ги. Не задржувајте ги оние кои сакаат да си одат од вас. Не задржувајте ги оние кои ве повредуваат и унесреќуваат. Не задржувајте ги оние поради кои некои други не можат да дојдат кај вас.
Погледнете се себеси во огледало. Погледнете се себеси без каење и чувство на вина. Погледнете се себеси и ќе сфатите дека се има свое време. Време за садење и време за берење плодови.
Се се случува со причина. И секогаш постои излез и решение.
Секогаш! Дури и во најтешките мигови, сите имаме свој пат.
Немојте да се чувствувате бескорисно, немојте да мислите дека немате ништо да му подарите на овој свет. Верувајте во себе, во својот труд, своите зборови и дела. Она што вие го имате да му го дадете на овој свет, можеби вам ќе ви изгледа бескорисно но за некого тоа е дар кој го чека.
Прегрнете го светот околу себе. Прегрнете се себеси. бидете благодарни за се, и за своите слабости и маани, и за својата храброст и доблести. Учете и растете духовно, тоа е најважно од се.
Чувајте мир во себе, најважно е како вие гледате на се.