Софи Тарнер (Санса Старк) од „Игра на тронови“ (Game of thrones) ја раскажа битката со депресијата

Санса Старк, односно Софи Тарнер, актерката од серијата „Игри на тронови“ („Game of Thrones“) јавно ја раскажа битката со депресијата, за која верува дека е последица на преголемата популарност која ја стекнала.

-Уште од моите најмлади години се бориме со менталните проблеми во фамилијата. Страдам од депресија веќе 5 или 6 години-истакнува актерката.

-Чудно е. Не бев депресивна како млада, но често размислував за самоубиство. Не ја знам причината. Мислам дека нема да успеам никогаш целосно да го надминам тоа.

Од 17 години Софи Тарнер се бори со депресијата.

-Моите пријатели се запишуваа на факултет, а јас работев. И понатаму живеев во домот со родителите и бев многу осамена. Се тргна надолно од почетокот на пубертетот, кога почнав и да добивам на килограми- објаснува Софи.

На Софи многу и влијаеле негативните коментари и критики на сметка на нејзиниот физички изглед и актерските способности.

Mногу и помогнала нејзината колешка Мејси Вилијамс, која во серијата игра во улогата на Арија Старк.
– Таа е само една година помлада од мене и заедно пораснавме. Таа ми беше и се уште ми е најдобра пријателка и единствена личност на која и имам раскажано за сите проблеми.

Софи истакнува дека успеала да ја врати контролата над својот живот благодарение на терапиите и на својот вереник.




Коментари

[fbcomments]