Ние сме толку загрижени за тоа да станеме среќни, што на крајот ја пропуштаме среќата.
Престани да чекаш магичен момент кој ќе ти донесе бескрајна радост и наместо тоа започни да уживаш во сите малечки фрагменти на среќа кои можеш да ги пронајдеш.
Понекогаш тоа се дождливи ноќи под меката прекривка со омилената книга. Понекогаш тоа е чувството во стомакот кое го добиваш кога се смееш гласно. Кога ги лижеш прстите јадејќи го омиленото колаче.
Тоа се забавите на кои танцуваш до 3 часот наутро.. Тоа се тие малечки моменти. Тоа е она кое го сочинува животот.