Категории

Среќата зависи само од вас и никој друг: Дали сте свесни колку всушност сте среќни?

Единствено фактот и сознанието дека ги држите конците на вашиот живот во вашите раце допринесува во растењето на самодовербата. А кога имате самодоверба го имате најсилниот адут кој може да ве поттикне во животот. Тој ќе ве натера да знаете дека можете да сметате на себеси. 

Старата народна поговорка вели дека за се постои време и дека се ќе дојде во свое време. Но многу оваа изрека ја користат како оправдување за тапкањето во место, за неостварувањето на сето она кое го посакуваат, за недостатокот на сила да го признаат тоа и дека за тоа тапкање во место постојат други виновници.
Вие бидете вашето време!

Дишете секој ден како да е ваш последен, иако ова клише го изговараме секој ден и не живееме според него. Променете го она кое можете, а помирете се со тоа кое не можете да го промените.
Единствено фактот и сознанието дека ги држите конците на вашиот живот во вашите раце допринесува во растењето на самодовербата. А кога имате самодоверба го имате најсилниот адут кој може да ве поттикне во животот. Тој ќе ве натера да знаете дека можете да сметате на себеси.
Тогаш ќе станете сила и утеха на себеси, ќе знаете да се радувате и да тагувате. А и на другите околу вам ќе им биде полесно затоа што тоа нема да го барате во нив и да се разочарувате ако не го добиете. Ќе ви биде полесно да се носите со ситуациите и односите во околината затоа што ќе можете да ги согледувате реалистично и нема да се чувствувате како да сте виновни за нешто.

Голема предност е да си простите себеси а и на другите. Простете им на другите за нешто врз кое не можете да влијаете, простете и прифатете ја состојбата дека некои односи ќе останат такви какви што се и фактот дека вие не сте виновни и не зависи се од вас.

Простете си себеси во мир и тишина. За сите пропуштени прилики, но не оние поради кои ви замеруваат родителите и околината, туку оние поради кои си замерувате на самите себеси. Минато се, тоа каење претворете го во мудрост за во иднина да не ги повторувате затоа што подоцна ќе го имате чувството на горчина.

Не превземајте си на себе терет кој не морате, било да се работи за обврски во семејството, било да се работи за пожртвуваност во работата. Спознајте се самите себеси и што ве прави среќни затоа што луѓето се менуваат секојдневно.Се менуваат под влијание на животот, околностите, годините. Така се менува и она кое ве прави среќни. Затоа што основата на душевниот мир е да се познавате себеси и додека не сте начисто со себе нема да можете да го почувствувате тој мир.

Прифатете се себеси онакви какви што сте. Вие сте баш такви, со сите маани. Па што? И со вишок килограми. Па што? И со чуден темперамент. Па што? Кога ќе се прифатите себеси такви какви што сте тогаш ќе знаете што всушност сакате да промените и ќе се обидете подобро да работите на тоа. Ќе си дозволите на себеси мигови на среќа.

Ако сте живи и здрави, и семејството ви е на број, вие веќе имате основа да бидете среќни и да направите нешто од она кое сте го зацртале, но бидете скромни. Животот е прекраток, поедноставете го и живеете по свое. Околината не ве донела на свет нити ќе дојде со вас на оној свет, затоа слушајте се себеси и живејте по сопствени животни правила.

Прегледи:
664
Објавено на:
03.01.2020