Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 9. МАЈ 2019 ГОДИНА

Близнаците ја држат работата под контрола, Бикот го очекува убаво изненадување, Вагата има добра карма денес.

ОВЕН

Може да очекувате сѐ да оди онака како што планиравте на деловно поле. Пред вас е добра фаза во која ќе бидете генерално задоволни. Доколку сте во брак можни се проблеми. Склони сте кон инфекции и воспаленија.

БИК

Ве очекува поволен ден за нови деловни проекти кои би можеле да ви донесат подобрување во заработката. Може да се надевате на познанство со личност чија енергија многу ќе ви одговара. Помали проблеми со зглобовите.

БЛИЗНАЦИ

Не сакате да пуштите било кој да ви се меша во деловните одлуки. Подготвени сте да направите сѐсамо да ја имате работата под контрола. Задоволни сте со комуникацијата која ја имате со симпатијата. Хормонален дисбаланс.

РАК

Помал пад на концентрација би можел да ви се случи во текот на денешниот ден. Можни се некои грешки на деловно поле. Сакате внимание и љубов и многу ви е важно со партнерот да остварите близок однос. Можна е главоболка.

ЛАВ

Може да очекувате стабилизација на работите кои сте ги започнале во претходниот период. Ве очекуваат некои убави вести. Ви се допаѓа личност која не живее во ист град како вас. Следуваат компликации. Се чувствувате сосема добро.

ДЕВИЦА

Може да очекувате добра соработка со колегите и поволен ден за да остварите нови договори или потпишување нови договори. Можеби ќе запознаете личност која отворено ќе ви каже што сака од вас. Немате здравствени проблеми.

ВАГА

Може да очекувате дека ќе добиете прилика да напредувате на деловно поле. Судбината е денес на ваша страна. Можеби размислувате дека ви се неопходни промени на љубовно поле. Посетете стоматолог.

ШКОРПИЈА

Доколку сте имале во план патување, нема да ви биде лесно да го организирате, можни се компликации во последен момент. Позитивен ден за флерт со саканата личност и многу убави моменти. Одлично се чувствувате!

СТРЕЛЕЦ

Ќе добиете значајно подобрување на финансиската состојба кое го очекувавте. Ќе бидете задоволни со новите работни можности. Пред вас е фаза во која ќе успеете да дојдете до компромис со партнерот. Спортувајте!

ЈАРЕЦ

Ве очекува нова работа која може да ви отвори добри можности и врати кон успехот на сите животни полиња. Саканата личност ќе ви покаже дека кон вас има сосема искрени емоции. Задоволни сте со своето здравје.

ВОДОЛИЈА

Може да очекувате дека ќе успеете да остваритее некој деловен договор кој ќе ви биде од големо значење. Пред вас е поволен ден за флерт. Ако сте слободни ќе запознаете личност со која можеби ќе започнете врска. Зголемете го внесувањето на витамини.

РИБИ

Факторот на среќата ќе биде на ваша страна, така што ќе успеете да ги остварите сите планови. Доколку сте слободни ќе запознаете личност која ќе покаже дека ги имате сите квалитети кои ги барате. Подобрување и на полето на здравјето.