Категории

Стилски трикови со чија помош нозете ќе ви изгледаат подолги во чизми!

Изборот на вистински модел не е толку лесна задача, а само една грешка може да влијае на тоа нозете во чизмите да изгледаат подебели или пократки отколку што навистина се. За да постигнете спротивен ефект и да пронајдете чизми кои визуелно ќе ги издолжат вашите нозе, ве советуваме да обрнете внимание на овие 3 нешта.

Избегнувајте лакирани и сјајни модели

Ако сакате вашите нозе да изгледаат послаби, избегнувајте материјали со било каков сјај. Наместо нив, изберете модел од превртена кожа или слични матирани материјали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stephanie Abu-Sbeih (@stephsa) on


Внимателно со боите

Најдобриот избор е секогаш класиката – со црни или кремасти чизми не можете да погрешите. Ако се одлучите за чизми во светла боја, бирајте ги оние кои се слични на вашата кожа, посебно ако ќе ги носите со фустан. Доколку сепак сакате некои впечатливи, изберете со повисока пета.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsi Lane Watts • So|Lindsi (@lindsilanestyle) on


Колку повеќе, толку подобро!

И притоа не мислиме на квантитет туку на висината на потпетиците. Секако, најважна е удобноста, но во секој случај избегнувајте ниски и дебели потпетици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria (@inthefrow) on

Прегледи:
594
Објавено на:
17.01.2019