Категории

Светските дизајнери ги издиктираа 6-те водечки трендови за оваа сезона

Оваа сезона, има по нешто за сечиј вкус!

Иако не сите ги слепо ги следиме модните трендови, сигурно е тоа дека не интересира што во моментот е најактуелно на модните писти и кои трендови ги обожаваат дизајнерите. На тој начин ја пронаоѓаме инспирацијата и новите идеи кои ги прилагодуваме на нашиот личен стил, но секако и подобро се чувствуваме кога знаеме од прва рака за светските модни писти и за нешто што е навистина актуелно.
Ние малку истражувавме и за вас издвоивме 6 топ трендови за оваа студена сезона.

1.Кариран дезен во разни бои
Она што до сега го сметавме за промаршај – сега е во тренд. Комбинирањето на различните карирани материјали, било да се работи за поединечни парчиња или едно кое е скроено во разлчни дезени – оваа сезона доминира на модните писти. Доколку се одлучите за овој стил, внимавајте останатите елементи во стајлингот да се неутрални.

2.Ромбоиди
Џемперите на ромбоиди се повторно во мода. Сигурни сме дека скоро секој има ваков модел во својот гардеробер, а оваа сезона тие повторно се во прв план. Овој дезен се вклопува во сечиј стил, но внимавајте да избегнувате други шарени дезени кога го носите.

3.Колан преку се
Струк истакнат во секое издание – тоа е изгледа императив, па оваа сезона носете го преку било кое парче гардероба. Капут, мантил, широки џемпери, oversize кошули, ќе добиете потполно поинаков изглед.

4.Сите нијанси на кафеава за капути и мантили
Гардеробата во кафена боја е една од оние кои се секогаш во тренд. А оваа сезона посебно мантилите и капутите во нијанси на кафено. Ако веќе не поседувате вакво парче – знајте дека таа инвестиција е најдобро да ја направите сега и можете да бидете сигурни дека нема да биде промаршај, ќе го носите уште многу сезони во иднина затоа што никогаш не излегува од мода.

5.Голема ташна
Секоја жена ќе се сложи со тоа дека големите ташни се неопходни, без обзир на сезоната и годишната доба. Набавете го вистинскиот модел кој ќе се вклопува во сите ваши комбинации и ќе бидете безгрижни за тоа дали сте немале место да уфрлите нешто во неа. И притоа, ќе бидете во тренд!

6.Балон ракави и волумен
Подуените „балон“ ракави додаваат некаква магија во секој стил и прилика. Сосема обична работа е тоа што делуваат раскошно и гламурозно, а валуменот на парчињата додатно дава шик изглед кој секако нема да помине незабележан. Оваа сезона се чини дека дизајнерите се комплетно „опседнати“ со нив.

 

Прегледи:
692
Објавено на:
27.09.2019