Категории

Тајната на животот е во големата љубов искажана преку малите нешта

Тајната на животот е едноставна, а таа е да не ги расипеш оние малку причини за радост кои можеш да ги пронајдеш во тешките денови, да не го поматиш сјајот кој го носиш во себе поради луѓето на кои им пречи.

Во твоите раце стои моќта тешките денови да ги направиш барем малку полесни, и во тоа ќе успееш само ако сите твои дела започнуваат и завршуваат со верба, надеж и љубов.
Тајната на животот е преку малите знаци на внимание да ја искажуваш големата љубов, да дедеш се од себе, не прашувајќи колку од тоа ќе добиеш назад. Иако можеби не ти изгледа како нешто големо кога некого ќе го пуштиш преку ред, кога некој ќе ти подари некоја ситница, ќе ти се јави да те слушне и да те праша како си, се тоа се всушност големи нешта и откриваат колку е некој човек, без оглед на марката на облека која ја носи, зборовите кои ги кажува или некој друг материјален статус.

Тајната на животот е да сфатиш дека најубавото наследство го оставаме зад себе во оние кои сме ги сакале, оние на кои сме им дале да се чувствуваат убаво во наше присуство, оние на кои нешто сме им значеле и кои ни прираснале за срце а не во сумата на пари или имотот кој го оставаме зад себе. Вистинското богатство е кога можеме да го живееме животот кој не исполнува.

Тајната на животот е да успееме да ја држиме главата подигната и кога паѓаме и кога другите ни кажуваат дека сме никој и ништо, да останеме исправени и да веруваме дека нешто во нас е надмоќно од околностите и луѓето кои ни нанесуваат зло а тоа е нашата душа и верата дека Бог не не напуштил.

Прегледи:
1243
Објавено на:
06.03.2020