Категории

Течно злато – Домашна маска за лице против брчки која подмладува и разубавува

Секоја жена мора да го знае рецептот за оваа маска за лице

Првите знаци на стареење најпрво се појавуваат во вид на брчки околу очите. Поради надворешните влијанија, мимиките и лошата навика во исхраната, овој предел на лицето е прв на удар.

За среќа, оваа природна маска се покажала како една од најефикасните домашни третмани против брчки на лицето.

Потребни состојки:

  • Половина лажица жалтин
  • 50 мл вода
  • 1 лажица мед
  • 50 мл глицерин
  • Измелена половина таблета аспирин од 200 мг

Начин на подготовка:
Сите состојки измешајте ги додека не се соединат добро и загрејте ги на водена пареа околу 7 минути. Мешајте додека смесата не стане хомогена, а потоа отстранете ја од оган и оставете да излади. Потребно е смесата да се меша додека се лади за да не се создадат грутки.

Откако ќе излади,маската префрлете ја во пластичен сад и чувајте ја во фрижидер.

Нанесувајте ја секоја вечер пред спиење, а првите резултати ќе бидат видливи после 14 дена.