Категории

„Тоа сум јас! На кого не му одговарам – Нека ме заобиколи!“

Треба еднаш да застанете цврсто и да кажете „Тоа сум јас!“ Без маски, без лаги, без преправање, и секој да ве прифати онакви какви што сте.

Еднаш мора да ставите крај. Крај на тоа да им удоволувате на другите, да бидете личност каква тие што посакуваат да сте, да се моделирате себеси според нивните замисли. Да изгледате вака или онака, да се однесувате според некои протоколи, и притоа да се загушите себеси, вашата личност, оној кој вистински сте.
Еднаш треба да ставите крај на сета таа игра под маски и да се исправите со вашето вистинско лице. Тоа нема да им се допадне на многумина, но ќе им се допадне на оние кои вистински ве сакаат и ве почитуваат.
Кое е задоволството во тоа да бидете некој кој на сите ќе им се допаѓа додека вие го мразите? Што постигнувате со тоа?
Која е вредноста на туѓото задоволство додека вие се давите во сопствената несреќа.

Бидете она што сте, не постои друг избор нити опција. Вие сте родени да бидете личноста која сте и секојдневно морате да се трудите да се чувствувате исполнето и задоволно со себеси.
Бидете она што сте, без извинување, не морате никому да се правдате!

Прегледи:
747
Објавено на:
19.06.2020