Научете да го штедите своето срце, научете ја вредноста на вашите чувства.
Додека вие давате се што имате, вашето срце и душа, сиот ваш свет, за возврат добивате студен поглед, по некоја насмевка и едвај изговорени убави зборови. Што и да направите, и колку да исцрпите се од себеси, не добивате нити половина од тоа, па се прашувате што не е во ред со вас, дали сето тоа е премногу малку?
Не. Едноставно вие го давате сето тоа на погрешната личност, толку е едноставно. Време е да ставите крај и да заминете од таа личност која како бунар без дно впива се што имате да и дадете, таа никогаш нема да биде сита и никогаш нема да можете да и дадете доволно.
Научете да го штедите своето срце, научете ја вредноста на вашите чувства.
Никогаш немојте да молите за трошка внимание и да присилувате некого да ви даде парче од својата љубов. Оној на кого вистински му е грижа за вас самиот ќе ги покаже.
Оној на кого му значите секогаш ќе ви возвраќа на ист начин и без да побарате од него.
Бидете скржави со своето срце, тоа не е себичност, само откривање на вистинската вредност на вашата најголема скапоценост.