Категории

Трагаш по среќата? – Еве каде ќе ја пронајдеш

Дали некогаш сте се запрашале која е вистината за животот, каде се крие мојата среќа – оваа приказна ќе ви го даде одговорот

Еден човек тргнал во потрага по вистината за животот. Трагал по вистината и патувал од место до место. Во едно село некој го упатил да оди до карпите и да ја побара вистината.
Човекот отишол на карпите и сретнал мудрец кој му рекол: „На раскрсницата на селото ќе го пронајдеш тоа што го бараш“.

Полн со надеж, човекот отишол на раскрсницата на селото и таму здогледал три продавници. Една продавала метал, друга дрво, а трета танки жици. Човекот долго стоел таму и гледал во продавниците, но не можел да сфати каква врска има тоа со откривањето на вистината. Разочаран, се вратил кај мудрецот и му кажал за продавниците. Мудрецот му одговорил: „Ќе разбереш во иднина.“

Човекот побарал објаснување, но мудрецот не му одговорил. Човекот заклучил дека било глупаво што воопшто дошол таму. Ја напуштил карпата и ја продолжил својата потрага по вистината.
Поминале години и сеќавањата на тоа искуство избледиле. Една вечер, човекот шетал и слушнал звук на музика која му го привлекла вниманието. Тоа била преубава музика која го повикувала. Човекот почувствувал потреба да му пријде на свирачот чии прсти танцувале по жиците на цитрата.
Одеднаш, човекот заплакал од радосното откритие – цитрата била направени од жици, и парчиња дрво и метал, баш како што забележал во тие три продавници, но тоа го сметал за бесмислено. Овој пат, ја сфатил пораката.
Ние веќе имаме се што ни е потребно. Наша е задачата тоа да го составиме и да го користиме на вистински начин. Нема да ни помогне никаква смисла ако се посматраме како одвоен дел. Но, кога ќе ја разбереме поврзаноста и ги споиме сите делови заедно, ќе откриеме нов ентитет.

Прегледи:
649
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
22.09.2021