Категории

Цената на големината е бришење на зборот „откажување“ од речникот

Цената на големината е едноставна, но дали сме подготвени да ја платиме?

Цената на големината е да ја знаеш својата цел и тогаш кога пред себе имаш отворен пат, и тогаш кога наидуваш на препреки. Да не се предадеш и тогаш кога е најтешко и кога постојат илјада причини зошто треба да се откажеш. Цената на големината е да не се посомневаш во себеси и тогаш кога сите други се сомневаат.

Среќата не е нешто кое доаѓа наеднаш и тукутака, таа не е нешто кое се случува или се наоѓа. Среќата е избор кој треба да го направиш самиот, повторно и повторно, дури и кога знаеш дека не ги поседуваш сите состојки. Да ги прифатиш раните и повредите и да ги носиш гордо , како трофеи.

Да се прифатиш себеси дека не си совршен и дека си човек кој не треба да се стреми кон достигнување на идеалност. Цената на големината е да не ти е важна цената и тоа колку нешта треба да ризикуваш и жртвуваш за да стигнеш до целта, цената на големината е или се или ништо – неприфаќање на пораз се додека не го оствариш успехот.

Прегледи:
462
Објавено на:
26.06.2020