Категории

Убави нешта ќе почнат да ви се случуваат тогаш кога ќе му завртите грб на минатото

Време е повторно да верувате во себе, да продолжите со својот живот. Време е да се препуштите и да почнете да верувате во Бога. Време е да ги оставите зад себе сите болни чувства. Време е да се сконцентрирате на најважното: сопствената среќа.

Сега почнува ново поглавје за вас. Приказната сеуште не завршила. Време е да прифатите се што се случил, да ја научите лекцијата и да го продолжите своето патување. Време е да го ослободите своето срце од сета болка која ја чувствувате и повторно да научите да се сакате себеси и својот живот.

Ти ја заслужуваш сета среќа на светот, но запомни дека тоа можеш да го добиеш само ако ти така одлучиш. Среќата не е само надворешна, туку и внатрешна – а таа внатрешната е посебна затоа што е почиста и поискрена од било која друга врста на среќа. А можеш да ја оствариш само кога ќе научиш да се цениш себеси поради она што си. Кога ќе одлучите да не бидете толку груби срема себеси. кога ќе сфатите дека не сте во право сепак направете чекор напред. Продолжете со својот пат.

Секогаш сетете се да се сакате себеси. Љубовта спрема себе е најважно нешто кое можете да го направите во овој живот. Низ животот преживувате многу нешта. Убав и и помалку убави мигови. Ќе запознаете не само добро туку и зло. Не само среќа туку и тага. Затоа бидете нежни и трпеливи спрема себеси,затоа што она што го имате во себе е однос кој ќе трае засекогаш.

Сфатете дека немате контрола над се што се случува во вашиот живот. Ни над чувствата, ни над луѓето. Време е да се откажете од се што се случило. Завршете со тоа поглавје со помирена душа и широка насмевка на усните. Продолжете напред со својот живот!

Прегледи:
471
Објавено на:
09.02.2020