Категории

Уличен стил: Ријана на мета на модните критичари – „Милијардерка а изгледа ефтино“

Нема пари што ќе ви купат стил, модните критичари остро и порачаа на ѕвездата од Барбадос.

Папараците ја следат на секој чекор, па така беше фатена синоќа кога излезе во локалниот бар. И најбогатата пејачка и нова милијардерка, Ријана, ниту овојпат не освои симпатии за нејзиниот моден избор. Напротив, сите што го видоа нејзиниот стајлинг коментираа дека убавицата од Барбадос е една од дамите кои никогаш нема да знаат да се облечат. Имено, за релаксирано вечерно излегување, Ријана избра да облече искинати фармерки со црвена постава, на кои ги „намести“ шарената блуза „Харли“ со длабоко деколте.

И ја заокружи својата модна приказна со жолта шамија што ја врза околу главата. Носеше сандали со високи потпетици, а прерамките околу глуждовите беа врзани преку рабовите на нозете. Со оглед на тоа дека нејзиното богатство се проценува на 1,7 милијарди долари, многумина коментираа дека пејачката е жив доказ дека нема пари што можат да ви купат стил, и дека нејзиниот стајлинг изгледа ефтино, додека други ја бранат велејќи дека тоа го прави намерно.

Инаку, Ријана стана милијардер благодарение на нејзината компанија „Fenty beauty“, која ја основа во 2017 година. Нејзиното богатство се проценува на 1,7 милијарди долари, што ја прави најбогата музичарка во светот, а таа беше на оваа листа веднаш зад Опра Винфри. Таа го стекна најголемиот дел од своите средства (1,4 милијарди долари) од гореспоменатата линија, која поседува 50 проценти од неа.