Категории

Уште една промена: Ким воодушевува со нова фризура!

Нов тренд на повидок? Ким потврдува.

Ким Кардашијан последниве неколку месеци носи ултра кратка боб фризура во темно кафеава, скоро црна боја.

Сепак, со доаѓањето на есенските денови, се чини дека дошло време за мала промена во стилот. Нејзиниот фризер Крис Аплетон, кој најчесто е заслужен за фризурите на Џеј Ло, Аријана Гранде и Кети Пери, на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која Ким позира со значително подолга и посветла коса.

Таа ја замени црната коса со чоколадно кафеава, боја која слободно можеме да кажеме дека е дефиниција за есен кога станува збор за трендови за убавина.


Гледајќи го ова, нејзините обожаватели, како и познатите колеги, не се воздржаа од споделување комплименти, истакнувајќи дека Ким изгледа совршено со оваа должина и боја на коса.

Ова е одличен начин да ја освежите вашата фризура без драстично да ја менувате, а исто така е едноставна и лесна за одржување.

Прегледи:
403
Објавено на:
13.10.2019