Категории

Успех е кога се сакаш себеси и го сакаш она што го работиш

„И се восхитуваме на убавината на пеперутката но ретко се сеќаваме на промените низ кои поминала за да ја постигне таа убавина.“

„Научив дека луѓето ќе  заборават што сте кажале, ќе заборават што сте направиле, но никогаш нема да заборават како се чувствувале поради вас.“

„Нема поголема агонија од тоа да носиш во себе недокажана приказна.“

„Кога нешто не ти се допаѓа, треба да го промениш тоа. Ако не можеш да го промениш, промени го начинот на кој размислуваш за тоа. Немој да се жалиш.“

„И се восхитуваме на убавината на пеперутката но ретко се сеќаваме на промените низ кои поминала за да ја постигне таа убавина.“

„Храброста е најважна од сите доблести затоа што без храброст не можеш да практикуваш никаква друга доблест.“

„Не им верувам на луѓето кои не се сакаат но си кажуваат „Те сакам“. Постои една афричка изрека: „Биди внимателен кога гола личност ни нуди кошула“.“

„Направив онака како што знаев. Сега знам подобро, и ќе направам подобро.“

„Успех е кога се сакаш себеси. Го сакаш она што го правиш и како го правиш.“

„Никогаш немој како приоритет да го ставаш оној на кому му си само уште една опција на располагање.“

„Можеш да станеш вистински остварен во нешто кое го сакаш. Нека целта не ти бидат парите. Наместо тоа, следи го она што го сакаш и прави го тоа толку добро што луѓето не ќе можат да го оттргнат погледот од тебе.“

„Ако сеуште се обидуваш да бидеш нормален, никогаш нема да знаеш колку неверојатен можеш да бидеш.“

-Маја Ангелоу

Прегледи:
617
Објавено на:
25.02.2020